Ристова оваа деби сезона на клупата на црвено-црните ја започна на најпосакуваниот начин. Под нејзино менторство, ЖРК Вардар дојде до петта победа во низа. Девојките веќе се зрели, дел од нив се кадетски дел, младински и сениорски репрезентативки, па и кога не играат најсјајно доаѓаат до „цел плен“. Во салата „Боро Чурлевски„ го совладавме тимот на домаќинот Пелистер со резултат 25-33, во меч во контролиравме поголем дел од неговиот тек, но и не издоминиравме максимално како што и се очекуваше.
Домаќинот отвори со гол за 1-0, ние направивме пресврт и поведовме со 2-3 со головите на Седлоска, Галевска и Коларовска. Домаќинот се обидуваше да биде блиску и изедначи на 5-5. Потоа ние имавме свои минути, во одбраната заигравме подобро, нашиот голман беше на ниво па во последните минути влеговме со резултат 11-15. Во 30.минута денес одличната, пикерот Катерина Дамјановска, со нејзиниот трет гол во првиот дел ги постави конечните 11-16.
Вториот дел започна со гол за домаќините кои ја ублажија негативата на минус четири, 12-16. Врзавме два гола, Марија Галевска погоди, потоа со нејзиниот шести гол дотогаш Ивана Џатевска стрелаше за 12-18, денес двата пикери на црвено-црните постигнаа неверојатни 11 гола заедно. Постојано ги одржувавме тие шест гола предност се до последната третина од вториот дел кога влеговме со резултат, 20-26. Успеавме до 58.минута да ја зголемиме уште за 50% разликата. Со голот на Гоцевска Марија ние отидовме на 24-33. Ривалот на крај ублажи и забележа пораз со 25-33.
На овој меч први стрелци беа пикерите, Ивана Џатевска погоди 6 пати, Катерина Дамјановска стрелаше во 5 наврата. Нашиот лев бек повторно беше на ниво, четири гола беа дело на Милица Николиќ. Голманите имаа солидни партии, Симона Грујовска впиша 6 одбрани (1.фрлена контра), а Андреа Илиќ имаше 3 одбрани (1.фрлена контра).