Тимот на Вардар Јуниор успеа да „собере“ шест бода од гостувањата и да напредува на табелата, сега сме на 7.позиција пред тимовите на Струга, Работички и Металург-2 тим кој го совладавме во гости. Пред нас овој викенд е 7.коло во машката Супер Лига.
Тежок противник не очекува, нагости ни доаѓа тимот кој е еден од двата колектива кој нема пораз досега, екипата на РК Пролет 62. Во сабота, 19.октомври ние сме домаќини на тимот од скопската населба Пролет со почеток во 15-30 часот. Мечот кој ќе се одигра во “Јане Сандански’ ќе го судат Начевски Виктор (Скопје) и Божиновски Даниело (Битола).