Ракометната академија Вардар по шести пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов”, а годинава натпреварите беа распоредени во два викенда, и тоа викендите 5 – 6 октомври играа момчињата од генерацијата 2006/07, а претстојниот викенд 19 – 20 октомври ќе играат нашите најмлади членови.
В сабота на теренот ги очекуваме момчињата во генерацијата 2008/09, кои ќе се натпреваруваат во екипите на Кисела Вода Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов 1 Вардар, Седмерец Вардар, Ѓорче Петров Вардар и Бисинов 2 Вардар.
Првиот ден од турнирот, 19 октомври, екипите ќе се натпреваруваат во групи, а вториот ден се разигрува за пласман.
Пропозиции и распоред за категоријата 2008/09: turnir_08.09_mashki_1.docx
Најмладите мешани екипи со децата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет ќе играат в недела.