Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Комити > ФОТО: Комити и Вардарци со поддршка за Мартина
ФОТО: Комити и Вардарци со поддршка за Мартина

ФОТО: Комити и Вардарци со поддршка за Мартина

Тренерот на ФК Вардар, Александар Васоски, оваа фотографија ја постави во коментар на објавата од Комити Скопје со поддршка за Мартина.

Нејзиното име е Мартина Лангковски (Martina Langkowski), родена во Варбург (Warburg) на 20.09.1965г., верен навивач на Шалке 04, подеднакво верна на црвено црните бои на Вардар, силен поддржувач за решавање на Македонското национално прашање во корист на Македонија.

Оваа госпоѓа, Германка по род, Македонка по душа и срце, боледува од рак на дебелото црево. Болеста и е дијагностицирана уште пред речиси 2 години, и оттогаш три пати е оперирана.

fgsd

Придружувана е во секој момент од Dietmar Bredewald, нејзин сопруг, и веројатно еден од најголемите лобисти за Вардар и Македонија, но и еден од најредовните навивачи на Вардар и присутен често на разни натпревари или настани организирани од Комити. Човек кој заедно со Мартина заслужуваат да бидат почесни Конзули на Република Македонија во Германија.

Не знаеме дали и како можеме да помогнеме, но знаеме дека најмалку што можеме да направиме е да ја рашириме оваа приказна за едни добри луѓе, со чиста душа, кои живеат на 2200 км од Скопје, кои веднаш уште по првото доаѓање пред (10-тина години) се вљубија во Македонија, и оттогаш ја бранат како своја земја, и ја раскажуваат вистината во срцето на Европа.

Нашите срца се со нив, и знаеме дека ако ништо друго со тоа ќе предизвикаме една насмевка од срце, и дека ќе им дадеме до знаење дека не се сами…

Обратете  им се дирекно во коментар или лично ним, тие се редовни читатели на секоја наша објава…