Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар прими 39 голови и загуби убедливо од Веспрем
Вардар прими 39 голови и загуби убедливо од Веспрем

Вардар прими 39 голови и загуби убедливо од Веспрем

Вардар го претпре и вториот пораз сезонава во Лигата на Шампионите, откако вечерва загубија убедливо на гостувањето кај екипата на Веспрем.

Натпреварот со гол го отвори Кристопанс за почетно водство, додека Вардар уште во два наврати беше во предност кога погодуваше Кристопанс. Последен пат имавме водство од 3:4, кога започна серија на Веспрем од 3:0 за превземање на преднсота (6:4) кога Нилсон погоди во 10 минута од натпреварот. Од овие моменти домашниот тим беше во позитива, додека Вардар постојано бркаше негатива. Дисингер беше доста активен во нападот и со својот трет гол намали на 6:5, а германецот во претходните четири кола имаше само два гола зад неговото име. Избраниците на Дејвис беа во налет, направија нова серија од четири последователни погодоци, па преку Лауге и Штрлек во 12 минута имаа најголема позитива од четири гола разлика (9:5) во 12 минута, што беше знак за Едуард Кокшаров да побара тајмаут. На нашиот гол започна Гедбан, кој не се задржа многу со оглед дека имаше само една одбрана. По тајмаутот погодивме преку Кристопанс за 9:6, но со петтиот гол од исто толку обиди на Нилсон, Веспрем стигна до највисока предност од 12:7. Кугис застана на голот, имаше две одбрани, кои помогнаа Вардар да се соземе, да влезе во добра серија и со голот на Дибиров во 24 минута да намалиме на само два гола негатива (15:13). Сепак до крајот на првото полувреме, Веспрем се избори да има четири гола позитива, па на одмор да замине со водство од 21:17.

Имавме одличен старт на вториот дел, со головите на Дибиров и Скубе се враќаме во мечот и намалуваме на 21:19, додека Веспрем се уште беше без гол. Сепак, домашниот тим повторно се одлепи и ја врати онаа најголема разлика од пет голови, а Манасков погоди за 26:21, па Кокшаров побара минута одмор во 40 минута. Расмус Лаге беше нерешлива енигма за нашата одбрана, која не бепе на ниво и на овој меч, после 44 минута игра Вардар веќе прими 30 голови, што не беше одлика за Европскиот Шампион во претходните сезони. Немавме ни голмански интервенции, вкупно шест за двата голмани, што е премалку, па резултатот од 30:24 во 45 минута и не беше така лош за вардарци. Не успеавме да се вратиме во игра, напротив унгарците го згоемија водството и со голот на Борозан имаа највисоки 33:25. На голот застана и младиот Кизиќ, кој забележа и една одбрана. Вардар на крајот доживеа убедлив пораз со резултат  39:30.

Дибиров беше најефикасен кај Вардар со 8 голови, додека Дисингер постигна 6. Следи пауза поради ЕХФ неделата, па Вардар го очекуваат два домашни меча во ЛШ, против екипите на Брест Мешков и Киелце.