Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Со предност од два гола, генер. 2006 на ФК Вардар ќе го започне реваншот во Штип против Постолов Пандев
Со предност од два гола, генер. 2006 на ФК Вардар ќе го започне реваншот во Штип против Постолов Пандев

Со предност од два гола, генер. 2006 на ФК Вардар ќе го започне реваншот во Штип против Постолов Пандев

ФК Вардар генер.2006 во првиот меч од 1/4-финалето од Купот на Македонија на домашен терен ја пречека екипата на ФК Академија Постолов-Пандев од Штип. Момците на Филип Спасески успеа да дојдат до победа со резултат 2-0.

Вардар: Данстак, Николов, Настевски, Миовски, Порчу (c), Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Нурединовски, Николов. Играа уште: Илески, Ордевски, Цониќ, Цековски, Танчев и Динов.

Вардарци доминираа во првиот дел од првото полувреме, ние имавме три големи и помалку идентични шанси. По три корни, топката доаѓаше на втора статива кај Милош Спасовски. Во првата неговиот волеј го одбрани голманот, во треттата топката мина крај десниот директ. Во втората, тој со одличен волеј „заби“ за предност со 1-0, резултат со кој се заврши овој прв дел. Ние имавме инцијатива, до крајот за одбележување се три прилики на Вардар. Две на црвено-црните момци, кои се заканија преку Марко Николовски и Нурединовски, сепак голманот на противникот беше на висина на задачата. На две минути пред крај нашиот ривал се закани со удар надвор од казнениот простор, голманот на Вардар, Андреј Данстак успеа да одбрани и да не однесе на пауза со гол позитива. Избраниците на Спасески Филип доминираа во првиот период во сите аспекти на фудбалската игра.

1 3 4 5

Вториот период беше исполнет со целосна доминација на вардарци, Постолов Пандев ниту еднаш не се закани кон нашиот гол. Најпрвин Николовски се обиде со удар од дистанца, потоа одлично проби по десна страна центрираше, но со глава беше непрецизен Нурединовски. Две големи прилики пропуштивме преку Марко Николовски и Андреј Величковски, чии обиди не завршија во мрежата на противникот. Нашата теренска инцијатива беше наградена со погодок за 2-0. Нововлезениот Максим Цониќ доби асистенција од Нуман Ајетовиќ, силно биеше од над 20.метра за наша радост. Потоа, Ајетовиќ ја погоди стативата по удар од надворешна позиција. Алтин Алији изведе слободен удар кој заврши во статива, потоа истиот играч по одлична асистенција на Танчев кој проби прекрасно по десната страна шутна силно во голманот на гостинот. Алији ја имаше последната прилика, по кој знае кој пат ние денес ја погодивме конструкцијата од голот на противникот.

Со солидна предност од 2:0 оваа генерација на Вардар ќе го започне реваншот во Штип.