Викендов на програмата во женската ракометна Супер лига е следното, осмо коло од сезоната 2019/2020. Во истото женскиот ракометен клуб Вардар ќе биде домаќин на ривалот од западната страна на градот, РК Ѓорче.
По поразот во Чаир кај истоимениот женски тим следи натпревар кој ни е шанса за враќање на победничките патеки. Во првите пет дуели имавме максимални 15.бода, потоа дојде неочекуваниот пораз кај чаирчанки. Вардар е фаворит во соочувањето со тимот Ѓорче Петров. Противникот досега успеа да освои само три бода во оваа сезона.
Натпреварот е закажан за во недела, 3.ноември со почеток во 14-00 часот. Истиот ќе се игра во малата сала при СЦ “Јане Сандански“, судиската правда ќе ја делат Марија Илиевска и Силвана Карбеска од Скопје.