Викендов на програмата е 13. коло, а Фудбалската федерација на Македонија веќе ги делегираше арбитрите кои ќе судат на сите пет натпревари.
Довербата за дуелот Вардар – Ренова ја доби Мајран Гоцески од Струмица, на кој ќе му помагаат Караколев Никола од Штип и Станковски Ѓорѓи исто така од Струмица. Четврти судија на овој дуел ќе биде Мавров Васко, исто така од овој град.
Дуелот на Вардар – Ренова се игра в недела со почеток од 13:30 часот.