Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ одигра два натпревари во рамките на детската лига. Момците на Боби Андоновски остварија по една победа и пораз.
Вардар (2) излезе како победник во дуелот со екипата на Бутел (2). На овој меч триумфиравме со резултат 3:1. Два гола во редовите на Вардар беа за Божиновски, додека еден постигна Митровиќ.
Вардар (1) одигра меч со екипата на Форца, од која беа поразени со резултат 0:6.