Македонската фудбалска репрезентација до 16 години денес на тренинг центарот „Петар Милошевски“ го одигра првиот контролен дуел со соодветната селекција на Романија. Мечот во регуларниот дел заврши без голови 0:0, додека после изведување на удари од белата точка славеше Македонија (5:4).
Во стартниот состав на селекторот Канатларовски за овој дуел се најдоа четворица играчи од Вардар. Се работи за Стефан Тасев, Игор Јаневски, Георг Стојановски и Бесар Гуџуфи. Во игра влегоа уште и Огнен Здравковски, потоа дебитантот Давид Љушев и Никола Павлески. Шанса за погодок имал вардаровиот напаѓач, Стојановски Георг, која останала неискористена.
Двете репрезентации вториот контролен натпревар ќе го одиграат в четврток од 11:00 часот.