Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Момците на Вардар ген.2009 со две победи му го честитаа роденденот на нивниот тренер, Кралевски
Момците на Вардар ген.2009 со две победи му го честитаа роденденот на нивниот тренер, Кралевски

Момците на Вардар ген.2009 со две победи му го честитаа роденденот на нивниот тренер, Кралевски

ФК Вардар генерација 2009 година на Игор Кралевски успеа да дојде до две високи победи во детската лига. Двете екипи успеаа да победат со високи резултати.

2-2

Вардар (1) генер. 2009  ја совлада екипата на  Нова Колонија со +високи 7-1. Момците на Кралевски одиграа на ниво од првата минута се до крајот. Првиот дел го добивме со 2-0, Папаливски Васко отвори со гол за 1-0. Потоа истиот играч се обиде со удар од дистанца. Дарин Михајловски имаше две прилики, во првата неуспеа да погоди, во втората изведуваше слободен удар одкосо. Со удар силен погоди за 2-0 од дистанца некаде околу 20.метра. Со овој резултат заминавме на одмор, нивниот тренер на паузата инсистираше на посериозна борба, ги мотивираше и тоа донесе дури пет гола во вториот период.

1

Вториот дел почна со наша офанзива, две прилики веднаш имаше Васко Папаливски. Тој 100% ги реализираше истите, во првата погоди за 3-0, потоа веднаш по земја силно и за 4-0. Со само два потега тој го удвои нашето водство на оваа средба. Следеше слична ситација, Јаков Стојковски стапи на сцена и тој успееа да „испорача“ два погодока во мрежата на ривалот. Со неговиоте погодоци ние поведовме со 6-0, тимот значајно го дигна нивото на игра во овој период. Ривалот ретко се закануваше, Баснарков беше сигурен, пред него Павел Котески-Митровски не дозволуваше воопшто да биде и загрозен. Ривалот намали на 6-1, Максим Павловски ја врати предноста од шест гола кога стрелаше за 7-1, резултат со кој се оконча оваа средба.

9

ФК Вардар(2) го совлада тимот на ФК Грозданоски со резултат 5-2. Ние домининиравме целосно на оваа средба со тимот на Грозданоски, отворивме преку Марко Петровски за 1-0. Потоа напаѓавме со цела сила со цел да го удвоивме водството во тоа успеавме преку Сулејман Качман. Ривалот до крајот на првиот дел успеа да погоди за 2-1, резултат со кој се замина на пауза.

Ние во вториот дел дозволивме да примиме само еден гол, но во офанзива одигравме одлично па стрелавме дури три пати. Победивме со три гола позитива поточно со резултат 5-2. За нас имаше двајца стрелци во овој период, Марко Петровски погоди два пати и еднаш Матеј Николов.