Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > (ФОТО) И популарниот „срцка” го изгушка Карачиќ

(ФОТО) И популарниот „срцка” го изгушка Карачиќ

74315360_393643048206133_198629880819089408_n

Довчерашниот миленик на скопската публика и член на Европскиот шампион Вардар, Игор Карачиќ, беше главна sвезда на вчерашниот натпревар во Скопје на Вардар и Келце.

Карачиќ со овации беше дочекан во салата уште на загревање, а пред натпреварот освен што беше скандирано и неговото име од целата публика, доби и подарот дрес на кој пишуваше „Карачиќ фала ти за се“. Освен тоа, беше забележан и еден интересен детал.

Популарниот „срцка”, кој години наназад е присутен на ракометните и кошаркарските натпревари, му посака добредојде на Игор и топло го прегрна.