Вториот тим на Рк Вардар кој се натпреварува во супер-лигата, вчера направи големо изненадување совладувајќи го големиот фаворит, екипата на Работнички. Мечот се одигра на Кале и заврши со победа на црвено-црните со резултат 26:25. Натпревар кој прилично беше израмнет, со добри моменти на игра од двете страни. Вардарци во првото полувреме имаа предност од 13:11. Во второто полувреме, Работнички некако ја презема контролата на играта, дури имаше и два гола позитива на пет минути до крајот. Јунак за нашиот тим беше Филип Чурлевски кој ги постигна последните два гола за победа и голема радост. Ова е вкупно петта победа во супер-лигата за избраниците на Пепи Манасков.
-Многу сум среќен и горд на мојот тим. Секоја од двете екипи имаше свои светли моменти на натпреварот. Одигравме најдобро до сега , како вистински колектив. Тренерот добро не водеше, се боревме до самиот крај и издвојувавме победа. Со оглед на тоа дека не бевме фаворити на овој меч, влеговме поотпушено и повеќе ја посакувавме победата. Честитки до моите соиграчи за пожртвуваноста и се надевам дека ова ќе биде само почеток на една долга победничка низа, изјави Филип Чурлевски за нашиот сајт.
Фото: 24 ракомет
Звонко Ивановски