Десетта година по ред, реномираниот ракометен портал „Хандбал Планет“ врши избор на најдобриот светски тим во 2019 година. Во истиот се најдоа и тројца играчи на Вардар, кои ќе конкурираат за место во најдобриот тим.
На позицијата лево крило, се најде Тимур Дибиров, а негови конкуренти се Јондал ( Фленсбург), Штрлек ( Веспрем) и Генсхајмер ( Рајн-Некар). За Дибиров можете да гласате на линкот, ТУКА.
Играч кој може да се најде во најдобриот тим имаме и на десната бековска позиција. Се работи за Даинис Кристопанс, кој е во друштво на Душебаев ( Киелце), Мем ( Барселона), Род ( Фленсбург). За Кристопанс можете да гласате на линкот, ТУКА.
На позицијата десно крило во изборот на најдобрите четворица играчи, место имаше за Иван Чупиќ, кој е во конкуренција на Јанц ( Киелце), Соле ( Тулуз) и Сван Хансен ( Фленсбург). Гласајте за Чупиќ на линкот, ТУКА.
Процесот на гласање се заснова на мислењето на 22 ракометни новинари од целиот свет.