Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор нема време за одмор, веќе утре гостува во Бутел
Вардар Јуниор нема време за одмор, веќе утре гостува во Бутел

Вардар Јуниор нема време за одмор, веќе утре гостува во Бутел

Вардар Јуниор нема многу време за одмор, по вчерашниот домашен дуел со тимот на Металург во кој ривалот одвај се извлече, веќе утре, петок (22/11/2019) ги очекува натпревар од 12.коло.

Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков во меч од 12.коло во Супер лигата, гостуваат кај екипата на РК Бутел Скопје. Натпреварот кој ќе се игра  од 19-00 часот во салата „А. Димитров“ во скопсата населба Бутел ќе го судат Ѓоко Колевскии  и Сашо Кркачев.
Ова е втор меч оваа сезона со избраниците на Кристијан Грчевски и Дарко Јанев, на првата средба во „Јане Сандански“ нашиот ривал триумфираше со 26-31.