Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Тројца играчи од Европскиот ракометен Шампион се најдоа во изборот за најдобриот светски тим во 2019 година
Тројца играчи од Европскиот ракометен Шампион се најдоа во изборот за најдобриот светски тим во 2019 година

Тројца играчи од Европскиот ракометен Шампион се најдоа во изборот за најдобриот светски тим во 2019 година

Десетта година по ред, реномираниот ракометен портал „Хандбал Планет“ врши избор на најдобриот светски тим во 2019 година. Во истиот се најдоа и тројца играчи на Вардар, кои ќе конкурираат за место во најдобриот тим.

На позицијата лево крило, се најде Тимур Дибиров, а негови конкуренти се Јондал ( Фленсбург), Штрлек ( Веспрем) и Генсхајмер ( Рајн-Некар). За Дибиров можете да гласате на линкот, ТУКА.

Играч кој може да се најде во најдобриот тим имаме и на десната бековска позиција. Се работи за Даинис Кристопанс, кој е во друштво на Душебаев ( Киелце), Мем ( Барселона), Род ( Фленсбург). За Кристопанс можете да гласате на линкот, ТУКА. 

На позицијата десно крило во изборот на најдобрите четворица играчи, место имаше за Иван Чупиќ, кој е во конкуренција на Јанц ( Киелце), Соле ( Тулуз) и Сван Хансен ( Фленсбург). Гласајте за Чупиќ на линкот, ТУКА. 

Процесот на гласање се заснова на мислењето на 22 ракометни новинари од целиот свет.