Вардар Јуниор нема многу време за одмор, по вчерашниот домашен дуел со тимот на Металург во кој ривалот одвај се извлече, веќе утре, петок (22/11/2019) ги очекува натпревар од 12.коло.
Момците на Стојан Петрушевски и Пепи Манасков во меч од 12.коло во Супер лигата, гостуваат кај екипата на РК Бутел Скопје. Натпреварот кој ќе се игра од 19-00 часот во салата „А. Димитров“ во скопсата населба Бутел ќе го судат Ѓоко Колевскии и Сашо Кркачев.
Ова е втор меч оваа сезона со избраниците на Кристијан Грчевски и Дарко Јанев, на првата средба во „Јане Сандански“ нашиот ривал триумфираше со 26-31.