Комити Скопје излегоа со официјално соопштение за неделниот скопски дуел. Соопштението ви го пренесуваме во целост:
Да не заборавиме дека градот ни е доверен во аманет да го браниме од надворешни агресори, но уште повеќе од оние кои живеат тука, но не го сакаат, не го чувствуваат, не го именуваат како што му е името туку му даваат свои имиња, фантазирајќи дека се негови освојувачи… Но во реалноста многу пати досега покажаа дека се само метастаза која треба да биде локализирана и ставена во карантин, за да не го потонат и останатиот дел од градот со својата неукост и затуцаност!
Иако натпреварот со Шкендија испливува како централен настан, не смееме да дозволиме да потфрлиме на некогашното Дерби бр.1, ниту на сите останати натпревари како дома така и во гости до 8-ми Декември.
Секој натпревар е подеднакво важен затоа што нашето масовно присуство може да биде токму клучниот момент кој ќе ја направи разликата и резултатот ќе го прекрши во наша корист!
Титулата е наша цел, го сакале тоа ние или не, затоа што ние не сме било кој клуб, Шампионски трофеј, затоа што ние сме ВАРДАР !!!