Сениорската селекција на Македонија одигра нерешено на турнирот во Анталија, Турција. На првата средба на турнирот во Анталија, се сретнавме со селекцијата на Италија.Овој дуел заврши со резултатска симeтрија 29:29.
Во првиот дел избраничките на Симе Симовски одиграа солидно, но постојано резултатски доцнеа зад ривалот па на одмор заминаа со три гола негатива. Италјанките водеа со 16-13 за време на паузата. Во вториот дел започнавме помотивирано и успеавме да изедначиме па на крајот беше 29-29. Од вардарки свој настап имаше Ивана Џатевска, таа одигра одлично во одбраната на македонската селекција. Нашиот пикер настапи токму во последните 20.минути од дуелот кога успававме да ја анулираме нивната предост, таа даваше сигурност во одбраната.
Вчерашниот меч беше првиот од четирите средби кои ќе бидат одиграни за време на турнирот. Денес играме со Турција(1) и Турција(2), утре девојките одмараат. Последната средба пред враќањето во Скопје на црвено-жолтата експедиција ќе биде во понеделник против селекцијата на Косово.