Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > Комити > Комити: Секој натпревар е подеднакво важен затоа што нашето масовно присуство може да биде токму клучниот момент кој ќе ја направи разликата
Комити: Секој натпревар е подеднакво важен затоа што нашето масовно присуство може да биде токму клучниот момент кој ќе ја направи разликата

Комити: Секој натпревар е подеднакво важен затоа што нашето масовно присуство може да биде токму клучниот момент кој ќе ја направи разликата

Комити Скопје излегоа со официјално соопштение за неделниот скопски дуел. Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Да не заборавиме дека градот ни е доверен во аманет да го браниме од надворешни агресори, но уште повеќе од оние кои живеат тука, но не го сакаат, не го чувствуваат, не го именуваат како што му е името туку му даваат свои имиња, фантазирајќи дека се негови освојувачи… Но во реалноста многу пати досега покажаа дека се само метастаза која треба да биде локализирана и ставена во карантин, за да не го потонат и останатиот дел од градот со својата неукост и затуцаност!

Иако натпреварот со Шкендија испливува како централен настан, не смееме да дозволиме да потфрлиме на некогашното Дерби бр.1, ниту на сите останати натпревари како дома така и во гости до 8-ми Декември.

Секој натпревар е подеднакво важен затоа што нашето масовно присуство може да биде токму клучниот момент кој ќе ја направи разликата и резултатот ќе го прекрши во наша корист!

Титулата е наша цел, го сакале тоа ние или не, затоа што ние не сме било кој клуб, Шампионски трофеј, затоа што ние сме ВАРДАР !!!