Monday ,25 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор даде отпор едно полувреме, поискусниот Бутел ги освои бодовите
Вардар Јуниор даде отпор едно полувреме, поискусниот Бутел ги освои бодовите

Вардар Јуниор даде отпор едно полувреме, поискусниот Бутел ги освои бодовите

Вечерва во спортската сала во Бутел, екипата на Вардар Јуниор го одигра дуелот од 12.коло во ракометната Супер лига, на кој бевме поразени од екипата на Бутел. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 28:20.

Поранешниот играч на Вардар Јуниор, Мартин Димов го отвори резултатот и му донесе водство на Бутел. Сепак, младите вардарци подобро го отворија овој дуел, влегоа во серија од пет погодоци и поведоа со 1:5. Првите три гола за Јуниор ги постигна еден ист играч, се работи за Ѓорѓи Дука, додека следните два гола беа дело на Даниел Андоноски и Стефан Атанасовски. Во отсуство на Кизиќ кој замина со првиот тим во Белорусија, денес на голот започна Јоаким Анѓеловски кој започна со одбрана, додека Гогов успеа да одбрани удар од седум метри. Домашниот тим се совзема после почетната негатива, врати со серија од 3:0 за намалување на 4:5, додека Стефан Крстевски погоди за 4:6. Во 17.минута се случи и првото израмнување на мечот, кога резултатот на семафорот гласеше 7:7. Го вративме водството од 7:8 со голот од пенал на Крстевски, додека противникот во следните минути направи серија од 4:0 и поведе со највисоки 11:8, што беше повод за Стојан Петрушевски да побара тајмаут. Направивме и голманска измена, на голот застана Васил Гогов кој сврза неколку одбрани, благодарение на кои се вративме во игра. Со голот на Славе Јанковски на полувреме имавме само еден гол негатива (13:12), што беше одличен резултат за младите вардарци кои даваа силен отпор на уште еден фаворит.

Лошо започна вториот дел за нашиот состав, Бутел влезе во серија од 5:0, со која успеа да се одлепи на солидно водство од 18:12. На голот на домаќинот застана искусниот Златко Даскалоски кој набрзина забележа три одбрани, додека Јуниор првиот гол во второто полувреме го постигна после пет минути игра, дело на Стефан Атанасовски. Домашниот тим имаше контрола на резултатот во овој период од мечот, стигнаа и до највисоки осум голови предност (23:15), ние имавме само три погодоци, а четвртиот во овој дел од мечот го постигна Виктор Крстевски за намалување на резултатот.  Бутел стигна и до двоцифрена предност, откако одбрани Даскалоски, кој фрли топка во контра за својот соиграч кој погоди за 26:16. За одбележување е погодокот од гол на гол, на голманот Анѓеловски, со кој намали на 26:19.  На крајот резултатот конечен е 28:20

Ова беше седми пораз за Вардар Јуниор, кој има уште уште и пет победи. На овој меч, тренерскиот двоец, Петрушевски-Манасков не можеа да сметаат на услугите на Кизиќ, Карапалевски, Кукуловски.

ВАРДАР ЈУНИОР: Анѓеловски 1, Гогов, Јанковски 2, Гашовски 1, Јакимовски 1, Димевски 1, Чакалиќ, Андоноски 1, Анѓеловски, Стојановски, В. Крстевски 2, С. Крстевски 4, Трајковски, Атанасовски 3, Ќосевски, Дука 4.