Лидерот во ПМФЛ, тимот на Вардар, денеска со почеток од 13.00 часот на Градскиот стадион во Скопје по пауза од една недела повторно игра натпревар.
Пред Вардар стои еден од последните четири теста пред крајот на есенскиот дел. Доколку Вардар денеска го победи тимот од Чаир, со една нога ќе биде есенски шампион. За да победи денеска Вардар, ќе треба да има и голема поддршка од своите верни навивачи.
Капитенот на тимот, Филип Гачевски и вчера преку својот Фејсбук профил уште еднаш ги повика навивачите да дојдат на стадион и да им дадат силна поддршка на овој незгоден натпревар. Вардарци победија на Чаир, истото нека се случи и денеска.
Се гледаме од 13.00 часот на Градски, да навиваме за нашиот лидер Вардар и заедно да се радуваме на уште една голема и значајна победа.
Собирот за „Комитите” ќе биде на Фонтана (Парк) од 12.00 часот, додека пак билетите за „јужна” се по цена од 100 денари.