Пионерите на Вардар во дуел со младинците на Металург во меч кој се играше во Јане Сандански забележаа пораз со 29-34 од повозрасниот ривал.
Дуелот почна со предност на ривалот најпрвин со 1-3, а потоа и со 3-6. Ние се обидовме да се вратиме во игра со два одлични гола на нашиот пикер, Стојменов Александар кој по пад погоди за намалување на 5-7. Постојано во првиот дел противникот се одлепуваше на четири гола, ние намалувавме на два. По 15.минути игра со голот на Матеј Трајановски намаливме на 13-15. Сино белите беа повешти од нашите момци во поле, но нашите пионери машки се бореа за секоја топка. Ние постојано на секое одлепување на Металург на четири или пет гола успеававме да врземе неколку погодоци и се врачавме на минус два. На одмор заминавме со резултат 17-19.
Вториот дел започна со по три гола на двете страни за почетни 20-22 по 6.минути игра, за нас овој резултат го постави Анакиевски Никола. Ние се боревме многу во поле, нашите голмани беа на ниво на задачата, но поради младоста често во офанзива тоа не го наградувавме. Бевме казнети, противникот во 43.минута успеа да отиде на плус пет, 22-27. Се обидовме со игра 7 на 6 и со одбрана 5-1 да ја налулираме предноста на тимот од Автокоманда. Сепак не успеавме бевме поразени со 29-34.
Убедливо најдобар поединец беше Матеј Трајановски кој даде 9 гола, Анакиевски Никола стрелаше 5 пати, а Стојановски и Петковски имаа по три погодока.