Повик за Брдаровски и Глигоров од новиот селектор Ангеловски
Posted by: М.Т - Лико
04/11/2015
in Прв тим, ФК Вардар
За двата пријателски мечеви со Црна Гора и Либан во А-селекцијата на Македонија новиот селектор Ангеловски повика двајца наши фудбалери. Од црвено-црниот фудбалски колектив повикани се: десниот бек Владица Брдаровски и играчот од средниот ред Никола Глигоров. Овие фудбалери имаа стандарни покани и кај минатиот селектор на нашата најдобра фудбалска селекција. Новиот селектор на А-тимот Игор Ангеловски исто така најави подмладување и покани од селекцијата У-21 во која има играчи на црвено – црните така да на бројат на вардарци во А-селекцијата може додатно да се зголеми.
Дуелот Македонија – Црна Гора одигра на 12 ноември, а мечот со репрезенацијата на Либан е закажан за на на 17 ноември.
Slider 2015-11-04