Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кил остана лидер во групата, Вардар падна на шесттото место
Кил остана лидер во групата, Вардар падна на шесттото место

Кил остана лидер во групата, Вардар падна на шесттото место

Пред нас е и 9.коло во најсилната група Б од Лигата на Шампионите, во кое се случија неколку изненадувања.

Вардар претрпе убедлив пораз на гостувањето кај екипата на Брест Мешков, со резултат 31:22. Долго време имаше резултатска неизвесност, за работите да излезат од „колосек“ и на крајот да претрпиме пораз со скоро двоцифрена разлика. Извештај од мечот можете да прочитате на линкот, ТУКА.

Во „Шпаркасе Арената“ екипата на Кил не успеа да го совлада последнопласираниот тим на Мотор Запорожје, односно двете екипи ги поделија бодовите, играјќи со нерешен резултат 32:32. Гледавме израмнет меч, на кој и двете екипи имаа можност да стигнат до цел „плен„ но на крајот можеби нерешениот резултат беше и најреален исход. Кил имаше негатива во најголем дел од второто полувреме, но пикерот Винчек најпрво донесе израмнување на 25:25 во 48 минута, додека со голот на Дамке, екипата на Кил поведе со 28:26, па се чинеше дека домашниот тим е поблиску до триумфот. Сепак, екипата на Мотор не се предаде, преку Козакевич го израмни резултатот на 30:30. Кил имаше последен напад за победа, но не успеаа да реализираат а херој во освоениот бод за гостинскиот тим беше голманот и руски репрезентативец, Виктор Киреев кој го заврши натпреварот со 18 успешни интервенции. Ова беше втор нерешен резултат за Мотор сезонава, единствените два бода за овој тим. Кил пропушти голема шанса, со триумф да се зацврсти на првото место на табелата и да биде блиску до директен пласман во четвртфиналето на ЛШ.

Изненадување се случи и во Франција, каде Монпелје загуби од екипата на Порто. Ако се знае како игра сезонава шампионот на Португалија, ваквиот резултат од 22:27 во корист на Порто и не е некое големо изненадување. Домашниот тим немаше ниту едно водство во првото полувреме, додека Порто одржуваше позитива од 1-2 гола разлика, се до последните пет минути од првиот дел кога со серија на погодоци, успева на одмор да замине со највисоки четири голови (10:14). Во второто полувреме, Монпелје ниту во еден момент не успева да го загрози водството на Порто, најмногу што смалија беше на три гола негатива, и во најголем дел од второто полувреме гледавме игра гол за гол. Порто делуваше стабилно и зрело, па на крајот заслужено ги освои бодовите од овој меч.

75380405_10157497934263046_7771482136560795648_o

Дербито на колото се одигра во Унгарија, каде Веспрем успеа да го победи Киелце и да му врати за поразот од првиот меч. Избраниците на Дејвис славеа со пресврт во вториот дел, откако на полувреме имаа негатива од 13:15. Во најголем дел од првото полувреме имаше израмнета игра, но сепак шампионот на Полска по истекот на првите 30 минути имаше позитива од два гола. Весорем го сврти мечот во последните 15 минути, кога полека започна да го контролира резултатот и да ја превзема предноста. При резултат 20:29, домаќинот направи голема серија од 6:1 и поведе со највисоки 26:21, по што беше познато кој ќе ги освои бодовите. На крајот триумф за Веспрем со резултат 28:24.

После поразот одБрест Мешков, тимот на Вардар падна на 6.место на табелата, додека Кил остана лидер во групата.

1. Кил  14

2. Веспрем  12

3. Монпелје  11

4. Киелце  10

5. Порто  10

6. Вардар  9

7. Брест Мешков  4

8. Мотор Запорожје  2