Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Преглед 9то, последно коло! Пионерките на Вардар со „плус пет“ на табелата заминуваат на „зимување“
Преглед 9то, последно коло! Пионерките на Вардар со „плус пет“ на табелата заминуваат на  „зимување“

Преглед 9то, последно коло! Пионерките на Вардар со „плус пет“ на табелата заминуваат на „зимување“

Во пионерската лига веќе се оконча есенскиот дел, по одиганите 9.кола сосема заслужено на „зимување“ како лидер со „залиха“ од пет бода патува тимот на Вардар. Девојките на Анжела Платон и Марија Папуџиева со максимални 27.бода ќе ја дочекаат зимската пауза помеѓу двете полусезони.

Победи  во ова последно, деветто коло обезбедија екипите кои се во првата четврка по есенскиот дел: Делчево, Аеродром, Металург и секако црвено-црните пионерки. Вардарки имаа лесна задача, на домашен терен ја пречекаа екипата на од Скопје, тимот на  Ѓорче Петров. Во овој 9ти дуел дојдовме до 9та победа во лигата, нормално на доминантен начин. Првиот дел покажа дека сме на ниво, Христоска Леа  беше совладана само два пати па на одмор заминавме со резултат 12-2. Потоа се беше рутина на дуелот.  Во моментот со овие 9 победи во есенскиот дел и 12 триумфа лани во сезоната 2018/2019 сме во низа од 21 победа од исто толку мечеви во пионерската конкуренција.

9p

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО:

* ЖРК Куманово – РК Алушовски 13:23

*РК Делчево Вардар – РК Велкова 5 26:19

 * ЖРК Вардар – РК Ѓорче Петров 23:08

*РК Драчево - РК Аеродром 09:19

 * ЖРК Металург – РК КЛ 7 Лазаров 23:08

Кога сме кај табелата таа јасно ја одсликува нашата целосна доминација во сите аспекти на ракометната игра во пионерската група-1 каде што настапуваме. Имаме максимални 27.бода, Металург вториот зад нас е на минус пет, а екипата на Аеродром е на минус шест на позицијата број три.  Од сино-белите од Автокоманда, имаме повеќе постигнато дури 66 гола, од аеродромки имаме  неверојатни 85 погодоци повеќе. Ние нормално го имаме првиот напад со дадени 237 гола ( 26,33 постигнати во просек на еден меч), кај одбраната сме први и единствени со двоцифрена бројка на примени голови, односно со 98 (10,80 примени погодоци по одигран дуел). Есенската круна е повеќе од заслужена за црвено-црните дами, доминацијата е преточена на терен. Радува што Платон користеше ротација па сите девојки кои се дел од оваа категорија имаа минутажа и сите вградија свое „парче“ во шампионскиот мозаик. За илустрација екипаа која во групата-2 е лидер по есенскиот дел, ЖРК Стружанка  има далеку послаби перформанси од нас, тие во  просек имаат  21 постигнат гол и 12,20 примени погодоци по дуел.

9