Грујоски Александар oд Кичево e делегиран да го суди дерби натпреварот во Струмица на кој се среќаваат домашниот тим на Академија Пандев и нашиот Вардар.
Помошници на Грујоски ќе му бидат Лика Куштрим и Јанкуловски Зоран исто така од Кичево, додека пак четврти судија ќе биде Новачев Петар од Велес.
Со победа или нерешен резултат во Струмица в недела, Вардар ќе биде промовиран во есенски шампион на Македонија. Дуелот се игра од 13.00 часот.