Најзвучното засилување на Европскиот првак Вардар, бразилецот Жозе Гилјерме де Толедо, сепак нема да го гледаме до крајот на оваа календарска година во Лигата на шампионите.
Иако по повредата и операција на десното колено на менискусот првичните најави беа дека ќе отсуствува три месеци од терените, сепак, тоа ќе биде нешто повеќе и со самото тоа бразилецот нема да може да му помогне на својот тим во моментите кога е најпотребен шутер по низата на повреди, пред се на Горбок и Дисингер.
Значи, Толедо го очекуваме во полна натпреварувачка форма напролет, кога и ќе се бие најголемата битка во нокаут фазата. Не се исклучува можноста Толедо да настапи до крајот на оваа календарска година, но во СЕХА – лигата.