Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пом.пионери на ФК Вардар го решија и Пелистер, момците на Рап-Тап го задржуваат лидерското место
Пом.пионери на ФК Вардар го решија и Пелистер, момците на Рап-Тап го задржуваат лидерското место

Пом.пионери на ФК Вардар го решија и Пелистер, момците на Рап-Тап го задржуваат лидерското место

Помладите пионери на Вардар во дербито со Пелистер успеаа на домашен терен да дојдат до висока победа со резултат 3-0.

Рап-Тап дуелот го започна со следниот тим: Тасев, Ричков, Павлевски, Јаневски, Љушев (c), Попов, Стоимов, Гуџуфи, Хајдари, Перковски и Стојановски.

Дуелот започна со наша иницијатива на почетокот, ние имавме доминација. Мечот се играше по врнежливо време, па доста беше тешко за поврзување на акциите. Погодокот успеавме да го постигнеме од „најстрога казна“. Во напад топка доби Перковски Теодор, одбраната на ривалот не можеше да го сопре на друг начин освен со прекршок па добивме пенал. Топката ја зема Јаневски Игор, одлично шутна крај левиот директ за наша предност со 1-0. Истиот играч потоа имаше прилика по изведен корнер, сепак одбраната на зелено-белите блокираше. До крајот имаше уште две прилики за одбележување, најпривн гостите се заканија нашиот голман Тасев Стефан одлично „избоксува“. Потоа на крајот од слободен удар ние се заканивме преку, Димитар Стоимов чии удар заврши над гол конструкцијата.

1 2 3

Тргнавме офанзивно во вториот дел, ние бевме тимот кој доминираше на теренот во целост. Првите две шанси ги  имаа Левент Ибраим и Гуџуфи кои се обидоа да го удвојат водството од првиот дел. Во првиот обид Ибраим лошо ја зафати топката, додека Гуџуфи биеше слабо. Потоа Ибраим се обиде атрактивно со „ножички“ да погоди, топката мина крај дирекот. Пелистер повремено се закануваше, секогаш кога тие ќе се заканеа на нашиот гол на висина на задачата беше денес одличниот Тасев. Конечно дојде и вториот погодок, нововлезениот Огнен Здравковски одлично асистираше до Димитар Стоимов кој стрелаше за 2-0. Веднаш потоа беше решено прашањето околу победникот, за 3-0 погодивме преку Левент Ибраим. По корна од десната страна одлично нафрли Ричков, нашиот напаѓач непогрешливо стрелаше со глава. Во игра беа уфрлени и Ивановски и Анчевски со цел да освежат во финишот. До крајот имавме уште две-три прилики, два пати Гуџуфи се закани и еднаш Здравковски.

Ова беше деветти триумф за помладите пионери кои остануваат на врвот на табелата, со три бодови повеќе од екипата на Работнички