Европската куќа на ракометот за мечот во Данска со нивниот преставник во елитната шампионска лига – Митјиланд за судии ги одреди сестрите Шарлот Бонавентура и Џули Бонавентура. Делегат на дуелот ќе биде Пер Мортен тој доаѓа од Норвешка.
Натпреварот од ова четврто коло во ЕХФ Лигата на шампионските ќе се игра во недела 8 ноември со почеток во 17-00 часот. Нашите девојки на последниот меч дома со истиот противник беа убедливи и остварија голема победа со дури 9 голови разлика во меч во кој целосно доминиравме во сите сегменти на ракометната игра. Првиот дуел заврши со резултат 33-24, по три кола вардарки се на врвот на табелата со исти број бодови со Ѓер и Митјиланд.