Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ракометната репрезентација на Србија, без Лекиќ и Дамњановиќ на СП во Данска
Ракометната репрезентација на Србија, без Лекиќ и Дамњановиќ на СП во Данска

Ракометната репрезентација на Србија, без Лекиќ и Дамњановиќ на СП во Данска

На големо изненадување на европската ракометна јавност, Андреа Лекиќ и Сања Дамњановиќ не се најдоа на списокот на селекторот Саша Бошковиќ за претстојното светско првнство во Данска. Вчера селекторот на Српската репрезентација го објави поширокиот список на ракометарки на кои ќе смета на подготовките, пред почетокот на големото натпреварување. На списокот се 28 ракометарки, меѓу нив покрај Лекиќ и Дамњановиќ не се ниту голманката Катарина Томашевиќ од ФТЦ (Унгарија) и Драгана Цвијиќ од екипата на Будуќност.

Овие девојки се ударната и најголема сила за оваа селекција, без кои тешко ќе биде да се игра во Данска. Светското првенство ќе се игра во периодот од 5-20 декември. Србија е во група заедно со домаќинот Данска, потоа Унгарија, Ц. Гора, Јапонија и Тунис. Така Лекиќ и Дамњановиќ во наредниот период ќе се посветат само на настапите во екипата на Вардар, веќе во недела ги очекува нов дуел против Митјиланд на гостински терен.