Вардар продолжува да им се заблагодарува на играчите кои во минатото биле дел од клубот и кои дале свој придонес. Така беше и вечерва, на дуелот со екипата на Веспрем, кој го доби противникот од Унгарија.
Дресови со благодарница добија Рожерио Мораес Фереира кој успеа со Вардар да освои две Европски титули, потоа Вуко Борозан кој предвреме го напушти клубот и не се радуваше на вториот Европски трофеј со црвено-црните, како и Марија Лојаница, поранешниот кондиционен тренер, кој од оваа сезона е дел од тимот на Веспрем.