Thursday ,18 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кокшаров: Моментално ова е нашата реалност – Гогов: Сигурен сум дека ќе биде подобро кога ќе се вратат повредените играчи
Кокшаров: Моментално ова е нашата реалност – Гогов: Сигурен сум дека ќе биде подобро кога ќе се вратат повредените играчи

Кокшаров: Моментално ова е нашата реалност – Гогов: Сигурен сум дека ќе биде подобро кога ќе се вратат повредените играчи

Вардар го доживеа и петтиот пораз во Лигата на Шампионите, откако на домашен терен беше поразен од екипата на Веспрем. Со оглед дека настапивме некомплетни и на овој меч, Веспрем беше фаворит пред стартот на натпревар, па на крајот и славеше убедливо со резултат 29:38. На прес-конференцијата после завршување на натпреварот, Едуард Кокшаров изјави дека таква е реалноста во овој период.

-Сакам му честитам на Веспрем за победата. За жал, ова е нашата реалност. Пред нас е вториот дел од сезоната. Чекаме да ни се вратат повредените играчи, да бидеме комплетни и да бидеме подготвени за вториот дел од сезоната во ЛШ.

Вардар промовираше ново лице на натпреварите од ЛШ и тоа младиот голман, Васил Гогов, кој доби шанса во второто полувреме. Гогов го заврши мечот со вкупно четири одбрани.

-Веспрем го отвори подобро мечот од нас, одржуваа разлика за време на целата средба која ние ја бркавме. Сакавме да се вратиме во текот на натпреварот, дадовме се од себе, но не успеавме. Кога ќе се вратат повредените играчи, верувам дека ќе бидеме подобра екипа и ќе имаме подобри резултати“