Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Ех наш ЖРК Вардаре…нов пораз, четири порази на последните 5 меча во гости
Ех наш ЖРК Вардаре…нов пораз,  четири порази на последните 5 меча во гости

Ех наш ЖРК Вардаре…нов пораз, четири порази на последните 5 меча во гости

ЖРК Вардар е „непрепознатлив„ на гостувањата, лошата серија нема крај, вчера бевме поразени од Металург во сениорската лига, денес бевме совладани и во младинската од Куманово. Ова  не е оној тим кој ние го знаме од лани, освоивме само три од можни 15.бода како гости, едноставно нешто не функционира на вистински начин, што е тоа ќе оставиме да анализираат луѓето од стручната фела во клубот, ние нема да се впуштаме засега во коментари. Аргументите кажуваат дека на гости сме на само 20% освоени бодови во последните пет дуели (4.суперлигашки и еден младински).  Оваа екипа има(ше) шампионски амбиции, составена е од одлични девојки, силни личности  кои играат за репрезенациите, се трудат и на мечевите, имаме добар тренерски тим,  ама…

Последните пет гостувања изгледаат вака, на нив четири пати бевме поразени, а еднаш победивме и тоа во Гегелија со серија 0-4 во финишот успеавме да се “извлечеме“. Со црвена боја се потенцирани поразите.

1.Kуманово-Вардар (мл) 41-31

2.Металург-Вардар 30-28

3.Куманово-Вардар 27-24

4.Гевгелија-Вардар 25-27

5.Чаир-Вардар 28-27

За мечот накратко, тргнавме одлично ,париравме на ривалот се до 7-7, дотогаш имавме добра игра која носеше реми. Потоа на секој наш гол тие одговараа со двојна мерка па на пауза моравме да заминеме со негатива од дури седум гола. Беше на одмор 22-15. Во вториот дел не успеавме да ја анулираме или да ја намалиме разликата, туку напротив бевме поразени со двоцифрена предност. Кумановчанки се радуваа на триумф со резултат 41-31 на оваа средба.

Кај нас Седлоска погоди осум  пати, а пак Миновска Сара успеа да погоди шест пати во мрежата на домаќинот. Илиќ имаше шест одбрани, Трајкоска впиша пет.

…да се надеваме дека по „дождот“ ќе дојде „сонце“ и дека поуките ќе се извлечат од овие дуели, младинската титула сеуште е на дофат, во Супер лигата сме во топ-3, а Купот не е започнат. Само треба благовремено да се вклучи алармот за да се вратиме на победничките патеки…

за крај парафразиран еден графит  од Комити, на истиот се велеше: 
Секој ваш пораз не боли,
но вие сте наши шампиони…