Легендата на РК Вардар, Игор Карачиќ, кој седум години беше дел од нашиот тим и прерасна во миленик на навивачите, иако е член на лутиот ривал на Вардар, Киелце сепак преку Инстаграм упати порака до своите екс голеги во моментите кога тимот се наоѓа во резултатска криза.
„Кога ќе биде најтешко и најважно, тогаш ќе биде вашето време. Главата горе“, напиша Карачиќ.