Во среда и четврток, 13 коло во младинските фудбалски лиги ќе го одиграат вардаровите екипи. Пионерските екипи во четврток гостуваат на екипата на Шкупи, додека кадетите и младинците во среда се домаќини на истиов противник.
Пионерските екипи имаат незгодно гостување кај екипата на Шкупи, противник кој се наоѓа во горниот дел на табелата и кој знае да биде незгоден. Сигурно дека проблем ќе претставува и лошиот терен на Локомотива, каде екипата на Шкупи ги игра своите мечеви како домаќин. Првите дуели одиграни сезонава на овие две екипи завршија убедливо во корист на црвено-црните. На мечевите кои се одиграа на теренот на Академијата, во рамките 4.коло, помладите пионери на Вардар славеа високо со резултат 7:0, додека триумф обзбедија и пионерите кои го совладаа Шкупи со резултат 3:0.
Кадетите на Вардар испуштија два бода во претходното коло, откако на гостувањето во Битола примија гол во последните минути од мечот и одиграа со нерешен резултат. На домашен терен, вардаровите кадети ќе се обидат да стигнат и до првиот сезонски триумф во дуелите со Шкупи, со оглед дека првиот меч го загубивме минимално со резултат 1:0.
Младинците на Вардар одиграа одлично во минатото коло и со убедлива победа од три гола разлика го совладаа Пелистер. Добра можност за нашите надежи да стигнат и до нова победа во дуелите со Шкупи, првиот натпревар го добивме во своја корист со резултат 0:3.
Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Вардар своите дуели како домаќин ќе ги одигра на теренот во населбата Јане Сандански.