Генерацијата 2010 на фудбалскиот клуб Вардар со две победи стартуваше на турнирот „Пефкохори Куп 2019“ во Грција.
Во текот на денешниот ден, момците на Влатко Колев одиграа два натпревари кои ги добија во своја корист. На отварање на турнирот, за противник ја имавме екипата на Арис од Грција, која ја совладавме убедливо со резултат 13:0. Во второто коло се сретнавме со екипата на Егеас, исто така од Грција, која ја победивме со резултат 6:2.
Доколку утре ја победиме екипата на Јанг Тим од Струга, ќе се пласираме во големото финале на турнирот, со оглед дека првопласираните од двете групи ќе се борат за трофејот од овој меѓународен турнир.