Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Кадетите на Фк Вардар ја “прегазија“ Ренова и се вратија на победите
Кадетите на Фк Вардар ја “прегазија“ Ренова и се вратија на победите

Кадетите на Фк Вардар ја “прегазија“ Ренова и се вратија на победите

Денес на теренот на локомотива се одигра натпревар од 10 коло на кадетското фудбалско првенство, помеѓу екипите на Вардар и Ренова. Црвено-црните после несреќниот пораз од Металург во минатото коло, на успешен начин се вратија на победничките патеки. Оваа категорија славеше убедливо со резултат 4:о. Кирил Китановски постигна два гола, по еден дело на Христијан Стојчевски и Никола Серафимов.

Ренова немаше што да бара на овој дуел и од блиску не беше рамноправен противник на црвено-црните. Веќе од самиот старт избраниците на Влатко Колев почнаа да атакуваат на противничкиот гол. Првиот обид го имаше Никола Серафимов, кога при прекин од скратен корнер со глава биеше кон голот на Ренова. Четири минути подоцна во слична прилика се најде и Дамјан Петревски, откако Дејан Маркоски ја нафрли топката од слободен удар. Како и претходниот удар, така и овој заврши во рацете на голманот. Мечот продолжи со целосна доминација на нашиот состав, најдобрата прилика да се отвори резултатот ја има Маркоски кој за малку беше прекраток во својот обид да стигне до топката.

Нападите на Вардар конечно вродија со резултат, се играше некаде 20 минута, кога поведовме со 1:0. Стрелец беше Стојчевски со удар некаде од 20 метри, кој ја пласираше топката во долниот лев агол на противничкиот чувар на мрежата. На вториот погодок не се чекаше многу време, кога Китановски зголеми на 2:0. При еден прекин топката беше уфрлена во противничкиот шеснаесетник, дефанзивците на Ренова на кратко само расчистија, но топката дојде до Китановски кој со еден лоб удар го постигна својот прв гол на овој меч. Истиов играч до крајот на првото полувреме уште еднаш прецизно стрелаше, за веќе високи 3:0. Ова беше резултат со кој се замина на одмор.

Вториот дел го одигравме доста смирено и рутинирано. Тренерот на Вардар направи неколку измени, давајќи им шанса на играчите кои како резерви го започнаа овој дуел. Од игра излегоа: Маркоски, Насковски, Тасевски, Менкиноски, Трајчевски и Китаноски. На нивно место влегоа Таневски, Милевски, Петрески, Гавровски, Скендерески и Гегoвски. Мораше да се комбинира за да се чуваат силите за реванш мечот од купот, против тимот на Младост.

Во вторите 45 минути, првата прилика за гол ја имаше Андреј Милевски кој шутираше кон голот, но неговиот удар беше изблокиран и заврши во корнер. Ново влезениот Филип Таневски имаше можност да го зголеми водството, се сам направи продре од десната страна упати удар во горниот агол на Ренова, но нивниот голман не дозволи поголема негатива. Гостите малку се ослободија од притисокот, единствено што направија на овој меч се 2-3 без опасни удари за нашиот голман Зибери. Повторно нови прилики за црвено-црните, во гол шанси повторно Петревски и Таневски, без промена на резултот. Последниот гол за водство од 4:0 дело на Серафимов, кој стрелаше со глава во небранетата мрежа на Ренова. Последната замена беше голманска, откако на местото на Зибери, во игра влезе резервниот чувар.

Ова е вкупно седма победа за кадетите на Вардар, со која се наоѓаат на второто место на табелата. До крајот на есенскиот дел има уште еден натпревар. Во среда/четврток не очекува реваншот во 1/3 на купот против Младост, на теренот на Локомотива.

Фк Вардар: Зибери, , Тодоров, Петревски Серафимов, Китановски, Тасевски, Насковски, Спиркоски, Менкиноски, Трајчевски, Маркоски