Капитенот на ФК Вардар, Филип Гачевски, возврати на прозивките од екипата на Шкендија. Гачевски вели дека тимот од Тетово е најголем срам и дека не треба да пишуваат глупости, туку да се засрамат.
„Па, вие сте најголем срам! Ние какви неправди доживеавме во Тетово, па никому ништо. Не кревајте галама без потреба! Плачете малку ајде! Не пишувајте глупости, туку засрамете се“, стои во реакцијата на Гачевски.
Големото дерби помеѓу Вардар и Шкендија заврши без победник 2:2.