Со цел да добијат поголемо искуство и побрзо да можат да се вклучат во сениорскиот тим на Македонија, селекторот Симе Симовски во декември ќе има три собири на кои ќе ги повика ракометарките на кои смета во иднина да бидат стандардни во сениорскиот тим.
Првпат сениорски повик добива најмладата вардарка, голманката Грујовска која има 16.години и пикерот Дамјановска. На списокот има и пет ракометарки на од црвено-црниот тим: Симона Грујоска, Андреа Седлоска, Милица Николиќ, Иванa Џатевска и Катерина Дамјаноска. Вкупно се повикани 19 ракометарки.
Ова е еден од планираните три собир по три дена што се планирани. Првиот е во Куманово , а вториот треба да биде следната недела во Скопје.