Денес започна со одигрување силниот младински турнир „Илинден 2019“ кој го организира РК Илинден Вардар на Дарко и Александра Јанев. Кадетите на Вардар Јуниор одиграа два меча и забележаа две победи, тие се наметнуваат како први фаворити за пехарот.
Во првиот дуел момците на Будимир и Станковски се сретнаа со тимот на домаќинот РК Илинден. Ние доминиравме на оваа средба, иако домашните ракометари дадоа солиден отпор. Уште на одмор заминавме со предност од седум гола, односно со резултат 12-5. Во вториот дел успеавме да го дигнеме нивото и победивме со 18.гола повеќе, триумфот на мечот со кој се отвори овој турнир дојде со резултат 29-11 за црвено-црните.
Во вториот дуел се сретнавме со тимот на РК Драчево, потполно исто доминиравме и на оваа средба. Тргнавме фуриозно на почетокот на првиот дел па истиот го завршивме со двоцифрена предност. На одмор заминавме со 18-7 на семафорот во салата „Гоце Делчев“ во наша корист. Вториот дел беше формалност па успеавме да победиме со 14 гола повеќе, ние до вториот триумф дојдовме со резултат 26-12.
Во останатите два меча кои се одиграа постигнати беа следните резултати:
Пролет Драчево 23:11
Е.Фарм-Алушовски 14:21