Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар го заврши есенскиот дел во регионалната-скопска лига на првото место и успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Купот. Во лигата постигнавме вкупно 62 голови, додека во Купот дадовме 16 погодоци. Во лигата два се авто-голови на противничка екипа, па во продолжение ќе ви ги изнесеме играчите кои успеаа да ги постигнат останатите 76 голови.
Најдобар стрелец на екипата е капитенот, Никола Величковски, кој полусезоната ја заврши со постигнати 26 голови. Вака изгледа листата на стрелци кај генерација 2005 во есенскиот дел ( се земаат во предвид головите од лигата и купот).
1. Никола Величковски 26
2. Филип Јовановски 13
3. Кристијан Антевски 10
4. Горјан Цветков 7
5. Тино Спасиќ 5
6. Ѓорѓи Дошев 4
7. Никола Уневски 3
8. Алексеј Стефановски 2
9. Кристијан Таневски, Стефан Ристовски, Влатко Кулуковски, Давор Серафимов, Александар Каланоски, Лука Јакимовски по 1 гол.