Генерацијата 2003 на ФК Вардар располага со квалитетни играчи, кои даваат надеж дека еден ден можат да стигнат до првиот тим на Вардар. Еден од нив е секако Антонио Мирков, играч кој игра по крилните позиции, доста опасен за противничките одбрани. Мирков во есенскиот дел беше втор најдобар стрелец за пионерите на Вардар, а се најде на четвртото место во пионерската Супер лига.
Погледнете дел од мајсториите оваа сезона на Антонио Мирков.