Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Васоски: Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел
Васоски: Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел

Васоски: Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел

Од официјалната страна на клубот гo потврдија пишувањeто на „Вардар Фанс” околу почетокот на зимските подготовки. Исто така се потврдени и противниците со уште два тима, Борац Бања Лука од БИХ и Мура од Словенија.

Васоски пред стартот на зимските подготовки рече дека резултатите се во втор план, а тимот ќе треба добро да се воигрува за пролетниот дел.

„Прво да им честитам Нова година и Божиќни празници на сите симпатизери на Вардар. За нас ова ќе биде година во која ќе мора да ги потврдиме игрите од првиот дел, да бидеме уште подобри, да се подобриме во секое поле, и нормално сите ние и нашите навивачи посакуваме да ја заокружиме со титула. Што се однесува до подготовките, почнуваме на 9. јануари. Ќе тренираме во нашиот тренинг камп во Хиподром до 14. јануари, а потоа на 15. јануари заминуваме во Анталија каде ќе одиграме пријателски натпревари со цел да го издигнеме нашето ниво и нашиот систем на игра. Резултатите од контролите не се во прв план. Играчкиот кадар е добро познат на јавноста, сега останува уште подобро да се воиграме и подготовени да го дочекаме пролетниот дел“, рече шефот на стручниот штаб на Вардар, Александар Васоски.

ПЛАНОТ НА ПОДГОТОВКИТЕ НА ВАРДАР:

СКОПЈЕ, ХИПОДРОМ ТРЕНИНГ ЦЕНТАР 09.01.2020 – 14.01.2020

АНТАЛИЈА, ТУРЦИЈА 15.01.2020 – 04.02.2020

ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ:

20.01. – Вардар – Хајдук (Хрватска)

23.01. – Вардар – Динамо Киев (Украина)

26.01. – пријателски натпревар (противникот дополнително ќе биде објавен)

29.01. – Вардар – Црвена Звезда (Србија)

02.02. – Вардар – Борац Бања Лука (БИХ)

03.02. – Вардар – Мура (Словенија)