Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Стоилов постигна четири голови, во поразот на Македонија од Словенија
Стоилов постигна четири голови, во поразот на Македонија од Словенија

Стоилов постигна четири голови, во поразот на Македонија од Словенија

Македонската ракометна репрезентрација доживеа пораз на подготвителниот период пред стартот на Европското првенство. Избраниците на Данило Брестовац во Словен Градец беа поразени од селекцијата на Словенија.

Овој натпревар беше деби на клупата и за новиот селектор на Словенија, Љубомир Врањеш, кој започна со победа. Противникот имаше предност речиси во текот на целиот натпревар и на крајот заслужено победи. Македонија во почетните минути од дуелот имаше и предност од еден гол, но во продолжение од мечот, словенците ја превзедоа контролата на мечот и постојано ја зголемуваа предноста. На полувреме, имавме негатива од седум голови (19:12).

Постојано бркавме негатива и во второто полувреме, во еден момент намаливме и на пет гола, но се уште бевме далеку од предноста на словенците. На крајот бевме поразени со резултат 33:28.

На овој меч без минутажа беше капитенот, Кирил Лазаров, а во негово отсуство најефикасен беше Дејан Манасков кој постигна осум голови, додека Стојанче Стоилов имаше четири погодоци.

Црна Гора ќе биде последен противник во подготвителниот период, а со селекцијата на Украина ќе го стартуваме ЕП.