Ракометната репрезентација на Русија за која настапуваат пет играчи од редовите на Вардар, е дел од турнир во Шпанија, каде се подготвува за настапот на ЕП.
Русите кои се предводени од Едуард Кокшаров го добија дуелот против селекцијата на Полска, триумфирајќи со резултат 25:30. Русија подобро го започна мечот кога поведе со 1:3, но Полска не дозволи овој меч да се реши во првото полувреме, одржуваше резултатска рамнотежа, а до крајот на првото полувреме ниту една од екипите немаа поголема предност од два гола. На полувреме, Русија имаше минимално водство од 14:15.
Во второто полувреме се играше гол за гол, долго време ниту една од репрезентациите не успеаа да се одлепат и предвреме да го решат овој дуел. Беше 20:20 и 22:22 додека во 53 минута беше 25:24 за селекцијата на Русија. Сепак избраниците на Кокшаров имаа многу подобар финиш на дуелот, кога дозволија да примат самом еден гол, додека Русија постигна пет голови, за конечен резултат од 25:30 на овој натпревар.
Од вардарците, во листата на стрелци се запишаа, Павел Атман кој постигна 3 гола, Глеб Калараш имаше 2, додека Дибиров 1 гол. Во составот на овој меч не беше Данилл Шишкарев, додека Горбок не постигна гол.
Денес, Русија ќе одигра нов натгпревар, а противник е селекцијата на Португалија.