Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Али Адем останува во Вардар!!
Али Адем останува во Вардар!!

Али Адем останува во Вардар!!

Младиот 19-годишен фудбалер од средината на теренот, Али Адем, останува во редовите на Вардар и во пролетниот дел од сезоната, така барем велат нашите информации.

Иако за одличниот млад играч на нашиот тим имаше силен интерес од Касимпаса и од неколку други тимови, сепак, Адем останува во редовите на лидерот да ги продолжи борбите и на крајот да се радува на титула.

Во овој момент Али според специјалниот портал „Transfermarkt“ се проценува на вредност од 150 000 евра, но неговата цена сигурно дополнително ќе расте и во текот на пролетниот дел од шампионатот.

Бисерот на Вардар досега во ПМФЛ настапи на 17 натпревари и постигна два гола.