Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Матеј Трајановски: Националниот дрес е желба на секој млад играч, се надевам дека со вардаровите пионери ќе станеме Шампиони на Македонија
Матеј Трајановски: Националниот дрес е желба на секој млад играч, се надевам дека со вардаровите пионери ќе станеме Шампиони на Македонија

Матеј Трајановски: Националниот дрес е желба на секој млад играч, се надевам дека со вардаровите пионери ќе станеме Шампиони на Македонија

Генерацијата ракометари на Вардар родени 2004/05 година ја играат својата втора сезона во рамките на пионерската ракометна лига. Момците кои се предводени од легендата на македонскиот ракомет, Зоран Петковски, оваа сезона се натпреваруваат во групата 3 од пионерската лига. На убедлив начин го завршивме првиот дел од сезоната, освојувајќи максимален број на освоени бодови на девет одиграни натпревари. Дел од оваа надежна генерација е десното крило, Матеј Трајановски, кој е потенцијален репрезентативец на Македонија. Се работи за еден од најстандардните и поефикасни играчи во пионерскиот состав. Второто интервју на нашиот медиум во новата година ќе биде токму со Матеј Трајановски, кој можете да го прочитате во продолжение од текстот.

pioneri-metalurg-2-vardar-14-10-2019-222811

1. Колку сте задоволни од одиграната полусезона, во која завршивте на првото место во вашата група. Успеавме да ги добите сите девет мечеви, како ги коментирате остварените резултати во овој дел од сезоната ?

-Одигравме одлична полусезона во нашата група, во која одигравме девет натпревари и забележавме исто толку победи. Екипите на Аеродром и Металург беа едни од поквалитетните противници со кои игравме во есенскиот дел, но радува тоа што споменативе екипи ги совладавме на гостински терен. На останатите мечеви доминиравме и немавме проблеми околу освојување на бодовите. Можеме да бидеме задоволни од прикажаната игра, со оглед дека завршивме на првото место со максимален број на освоени бодови.

vardarfans-tekst 

2. Матеј, вие сте еден од играчите со најголема минутажа во оваа генерација на Вардар. Колку сте задоволен од вашиот придонес во тимот ?

-Давам максимум на секој натпревар, со секоја помината минута на теренот, да ја оправдам довербата која ми ја дава нашиот тренер. Секако дека сум среќен за минутажата која ја поминав во овој дел од сезоната, но во Вардар конкуренцијата е голема, па мора да работиш напорно на секој тренинг и меч за истата да ја заслужиш.

3. Паралелно со настапите во пионерската лига, вашата екипа се натпреварува и во младинска конкуренција. Колку истата е значајна за вашата екипа и дали сметате дека можете да напредувате со настапите во повозрасната лига ?

-Од оваа сезона имаме можност да се натпреваруваме и во младинската лига. Ова е едно големо искуство за мојата екипа, со оглед дека играме натпревари против далеку повозрасни и поискусни екипи. Имавме и тука солидни резултати во есенскиот дел, можам да кажам дека на скоро сите натпревари во најголем дел од нив бевме рамноправни противници, но поради младоста, не успевавме да парираме и до крајот на самите мечеви. Младинската лига многу ќе ни помогне да влеземе посилни пред завршниот турнир во пионерската лига.

vardarfans-2

4. Со оглед дека имате големи шанси да се пласирате на завршниот турнир, дали сте размислувале кој може да биде ваш најголем конкурент за трофејот во пионерската лига ?

-Се уште не сум размислувал кој може да биде наш најголем конкурент за трофејот во пионерската лига. Има квалитетни екипи и во другите две групи кои можат да се наметнат како претеденти за освојување на шампионската титула. Екипите на КЛ7 И Младост од Богданци се најблиску до првото место во останатите две групи, што не значи дека и останатите можат да се вмешат во борбата за место кое води на завршниот турнир.

5. Добрите игри во Вардар без добра препорака за селекторот Стојановиќ, да добиеш можност да бидеш дел од поширокиот список на пионерската репрезентација. Како поминааа двата дена во кои сите играчи бевте собрани на едно место, каде имавте можност да се докажуавте пред своите селектори ?

-Бев дел од собирот на новоформираната пионерска селекција на Македонија. Бевме собрани во спортската сала во населбата Автокоманда, каде поминавме два напорни денови. Игравме меѓусебни натпревари, кои беа под контрола на нашите селектори, Раде Стојановиќ и Кирил Атанасовски, а беше присутен и селекторот на сениорската репрезентација, Данило Брестовац. Секој од нас имаше можност да покаже со што располага, како во фазата на напад, така и во фазата на одбрана. Останува напорно да работиме и на селекторот е да одлучи на кои играчи ќе смета во иднина. Секако националниот дрес е голема привилегија и желба на секој млад играч.

pioneri-metalurg-2-vardar-14-10-2019-222721

6. Во последните денови од изминатата година, настапивте на турнирот „Трофеј Белград“ на кој настапуваа екипи од 2003 годиште. Која е вашата оценка за остварениот резултат на вардаровите пионери ?

-На турнирот во Белград се натпреварувавме со повозрасни екипи, одигравме четири натпревари на кои остваривме една победа и три порази. Сметам дека можевме да се прикажеме и во подобро светло и подостојно да го претставиме Вардар на овој силен меѓународен турнир.

7. Сигурно дека има напредок во играта на вашата екипа од минатата сезона. Сметаш ли дека оваа сезона сте „зрели“ за нешто повеќе ?

-Сметам дека има напредок во нашата игра од минатата сезона, сега сме компактни, воиграни и зрели да направиме поголем резултат од минатата сезона. Екипата ја засилија некои играчи кои и дадоа дополнителен квалитет на нашата игра, па сигурен сум дека ќе напредуваме уште повеќе како ќе одминува оваа сезона.

vardarfans-1

8. Што може да очекуваме од пионерската екипа на Вардар во пролетниот дел од сезоната ?

-Со оглед дека имаме солидна бодовна предност пред останатите екипи, сигурен сум дека во регуларниот дел од сезоната ќе го освоиме првото место во нашата група и на тој начин ќе се пласираме на завршниот турнир во пионерската лига. Секако не треба ниту да се опуштаме, треба секој меч во пролетниот дел да го сфатиме максимално сериозно и да се обидеме со максимални бодови да завршиме во групата. Се надевам дека на крајот ќе станеме и Шампиони на Македонија.

Звонко Ивановски