Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Четворица играчи од Вардар Јуниор тренираат со првиот тим
Четворица играчи од Вардар Јуниор тренираат со првиот тим

Четворица играчи од Вардар Јуниор тренираат со првиот тим

Европскиот ракометен Шампион веќе третти ден тренира во С.Ц. Јане Сандански и се подготвува за вториот дел од сезоната.

Екипата не е комплетна, со оглед што осум играчи беа дел од Европското првенство, додека Калифа Гедбан со репрезентацијата на Алжир од утре ги започнува настапите на „Африканскиот Куп на Нации“.

Со првиот тим тренираат и четири играчи од редовите на Вардар Јуниор. Се работи за: Стефан Крстевски ( среден бек), Стефан Атанасовски ( пикер), Славе Јанковски ( лево крило) и Васил Гогов ( голман).

Мартин Карапалевски, Дејан Кукуловски, Ален Ќосевски и Марко Кизиќ во пролетниот дел имаат прво за настап само за првиот тим.