Двете пионерски екипи на ракометниот клуб Вардар, машката и женската ќе ги одиграат првите мечеви во новата, 2020 година. Тие ќе учестуваат на меѓународен ракометен турнир кај северниот сосед. Истиот ќе се игра овој викенд, поточно на 18-ти и 19-ти јануари.
На треттиот „Свето Савски турнир“ кој ќе се игра во Крагуевац (Србија), дамите на Платон Анжела и Папуџиева Марија се во група со екипите на: Медицинар (Шабац), Раднички (Крагуевац) и Белград (Белград). Момците на Зоран Петковски-Зенга се во група со тимовите на Металопластика (Шабац), Раднички (Крагуевац) и Белград (Белград).